Енрике: Меси е најдобриот на сите времиња!

Луис Енрике еуфорично го прослави фантастичниот триумф на „Сантијаго Бернабеу“, со што стана само вториот тренер на Барса во историјата што две години по ред го победувал Реал среде Мадрид во Примера дивизион (првиот е Пеп Гвардиола). Свесен кој е најзаслужен за големата победа, Енрике уште еднаш ја потенцираше улогата што Лео Меси ја има во овој тим на Барса.

Барселона е голем клуб, но верувајте дека е многу среќна што го има Меси, па испишува нови и нови страници во својата историја благодарение на Аргентинецот. Денеска уште еднаш видовме колкаво е неговото значење за нас, но и големината како фудбалер. Нема дилеми, Меси е најдобриот на сите времиња, верувајте ми, сум видел премногу во својот живот, но Лео е над сите останати. Реал е одличен тим, а фактот дека го надигравме и славевме со 2-3 среде Мадрид, и тоа на каталонскиот празник Сан Жорди ни е уште поголем мотив пред финишот од сезоната“ – изјави тренерот на каталонскиот гигант.

Се вчитува...