Килијан Мбапе вчера преку официјална објава се збогуваше од ПСЖ истакнувајќи дека неделниот натпревар ќе биде последен за него на „Паркот на принцевите“.
Мбапе не информираше каде ќе ја продолжи кариерата, но за сите е добро познато дека тој веќе има постигнато договор со Реал Мадрид. Објавата на Мбапе ја коментираше и тренерот на ПСЖ, Луис Енрике кој вели дека неговиот тим ќе биде уште посилен следната сезона.
„Сите знаевме за заминувањето на Мбапе, па затоа неговото обраќање не смени ништо. Одлуките кои ги носев, ги носев за доброто на тимот. Се однесувавме на најдобар можен начин. Пред нас сега останува уште титулата во Купот и се надеваме дека ќе ја освоиме со Мбапе. Целта е да бидеме конкуретни и да освојуваме титули. Иако Мбапе си оди убеден сум дека ќе бидеме посилни во новата сезона. За Килијан како човек и како играч можам да кажам само убави работи, иако вие новинарите се обидувавте да ни наметнете конфликт. Тој не го кажа новиот клуб каде оди, но мислам дека сите знаеме каде ќе биде тоа. Ја разбирам неговата одлука, даде се за клубот и стана легенда тука, сака да оди во нешто ново. Му посакуваме се најдобро“ – вели Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА