Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, беше задоволен од карактерот што неговиот тим го покажа во драматичниот натпревар против Лил.
Парижаните губеа со 0:2, но во самиот финиш успеаја да постигнат два гола и да дојдат до реми 2:2. Витинја погоди во 91. минута, а Маркињос во 95. минута за целосен пресврт на ситуацијата.
Енрике смета дека неговиот тим заслужил повеќе од освоениот бод, но истакна дека токму способноста да се борат до последната секунда е една од најважните карактеристики на овој ПСЖ.
„Ова е карактеристика на овој тим во последните три години. Кога сите мислат дека со нас е готово, ние сме способни да го промениме текот на натпреварот. Тоа е убаво и задоволни сме“, изјави Енрике.
Шпанскиот стратег смета дека ПСЖ заслужил да освои три бода.
„Според мене, заслуживме повеќе, но таков е фудбалот. Фудбалот понекогаш е неправеден, а треба да постигнувате голови. Сметам дека заслуживме барем еден бод“, додаде тренерот.
ПСЖ по две одиграни кола има четири освоени бода, а Енрике повика на позитивен пристап и покрај резултатите на стартот од сезоната.
„Можеби некој ќе каже дека два бода од два натпревари се малку, но ако се сетиме на резултатите против Рен и Лил од минатата сезона, во овие два натпревари освоивме дури еден бод повеќе отколку тогаш. Се обидуваме да останеме позитивни. Очигледно е дека мораме да играме подобро и на повисоко ниво, но денес тимот покажа дека може да се бори до последната минута“, заклучи Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
