Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс обвинет е за физички напад на две жени по завршување на петтиот натпревар од осминафиналната серија против Денвер.
Ѕвездата на Тимбервулвс и воедно некогашниот прв пик на драфтот фрустрациите од промашениот обид за три поени во последните секунди која ги чинеше неговиот тим елиминација го истури врз столица на патот кон соблекувалната, но истата заврши во две женски лица.
Истите се одлучија да поднесат тужба, а полицијата во Денвер го застанала автобусот на Минесота со цел да го испита Едвардс. За ваков напад во оваа сојузна американска држава казната е 18-месечен затвор и надомест од неколку илјади долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА