Ентони ги „сруши“ своите, „трипл-дабл“ на Вестбрук, деби со 6 поени за Теодосиќ

Кошаркарите на Оклахома на свој паркет славеа против Њујорк со 105-81 со триумф отворајќи ја сезоната од која многу очекуваат.

Дуелот беше дополнителен интересен и поради дебито за Оклахома на Пол Џорџ и Кармело Ентони, кој имаше мегдан со тимот во кој ги мина претходните шест години. Двете нови ѕвезди заедно со стандардно одличниот Расел Вестбрук ја донесоа првата победа за Оклахома.

Прво има на мечот беше Расел Вестбрук кој отвори со „трипл-дабл“, 21 поен, 16 асистенции и 10 скока. Најефикасен беше Пол Џорџ со 28 поени, додека Кармело Ентони постигна 22 поени. Кај Њујорк без конкуренција беше Кристапс Порзингис со 31 поен и 12 асистенции.

Српскиот репрезентативец Милош Теодосиќ дебитираше во дресот на ЛА Клиперс со шест поени и по една асистенција и скок. Теодосиќ беше стартер за Клиперси кои славеа против градскиот ривал ЛА Лејкерс со 108-92.

Во центарот на вниманието на мечот беше и слабиот настап на новата ѕвезда на „езерџиите“ Лонзо Бол кој постигна само три поени. Клиперси до победата ги предводеше Блејк Грифин со 29 поени и 12 скока, а ДеАндре Џордан имаше 12 поени и дури 24 скока.

Торонто славеше убедлива победа од 117-101 против Чикаго. Најдобар во победничкиот тим беше Јонас Валанчиунас со 23 поени и 15 скока, за 30 минути на паркетот.

Се вчитува...