Изминуваат последните часови од летниот преоден рок во фудбалска Европа, а бројни клубови настојуваат да победат во трката со времето и да ги доведат посакуваните засилувања.
Информациите од Англија говорат дека се подготвува нов мега-трансфер, Аргентинецот Енцо Фернандез ќе биде „бомбата“ на последниот ден од преодниот рок откако Манчестер Сити тргна во тотална офанзива за да го осигура потписот на капитенот на Челси.
Енцо е голема желба на тренерот Мареска, кој имаше беспрекорна соработка со аргентинскиот ас додека седеше на клупата на Челси. Во ситуација кога Родри си замина, Мареска инсистира токму на Фернандес како нов лидер на средниот ред на тимот. Сити летово веќе потроши преку 100 милиони евра на две засилувања за средниот ред (Андерсон од Нотингем и Буади од Лил), но „граѓаните“ имаат доволно пари по серијата продажби за да комплетираат уште еден мегатрансфер.
Преговорите со Челси се во тек, Фернандес веќе ги договори личните услови, а информациите од „островот“ говорат дека Аргентинецот ќе го чини Сити над 135 милиони фунти, со што ќе стане најскап фудбалер во историјата на Премиер-лигата.
Челси е подготвен за продажба, веќе е договорена и замената за Енцо, и тоа Ламин Камара од редовите на Монако во трансфер вреден 40 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
