Новиот фудбалер на Манчестер сити, Енцо Фернандес, денеска изјави дека со трансферот во Манчестер сити му се исполнила животната желба.
„Многу сум среќен што сум тука. Отсекогаш сум сонувал да бидам дел од голем клуб каков што е Манчестер сити и благодарен сум што ми се исполни желбата. Ова е многу емотивен момент за мене и моето семејство“, изјави Фернандес.
Аргентинецот во последниот ден од преодниот рок во Англија за рекордни 145 милиони евра од Челси се пресели во Манчестер сити со кого денеска потпиша петгодишен договор, со можност да се продолжи за уште една година.
„Многу сум среќен шти сум тука и што уживам во првите моменти како член на Сити. Веќе гледам за колку голем клуб станува збор. Да бидам искрен, од првиот ден кога ме повикаа да ми кажат дека ме сакаат, не се сомневав ниту еден момент. Ова е клуб кој освои многу трофеи во последните години, ова е клуб кој пишува фудбалска историја“, додаде Фернандес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
