Најдобрите 16 женски ракометни селекции денеска ги дознаа групите за Европското Првенство што во периодот од 29 ноември до 16 декември ќе се одржува во Франција. Норвешка ќе ја има улогата на бранител на трофејот по триумфот пред две години на шампионатот во Шведска, а актуелните шампионки за ривал во групата Д ќе ја имаат секогаш незгодната Романија. Покрај Романките и Норвежанките, дел од оваа група се уште и Германија и Чешка.
Двете селекции кои беа во група со Македонија во квалификациите, Шведска и Србија, ќе бидат дел од групата А и на европскиот шампионат. Србинките можат да бидат задоволни од ждребот со оглед на фактот дека покрај Шведска за ривали ги добија Полска и Данска, селекции што не се наивни, но во секој случај можеа да налетаат и на далеку понезгодни противници.
Светскиот првак Франција ќе ги одмери силите со Русија, како фаворити во групата Б во која уште се наоѓаат и Словенија и Црна Гора.
ГРУПА А: Данска, Србија, Шведска, Полска.
ГРУПА Б: Франција, Русија, Словенија, Црна Гора.
ГРУПА Ц: Унгарија, Шпанија, Холандија, Хрватска.
ГРУПА Д: Норвешка, Романија, Германија, Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА