Епски „кам-бек“ на Србија, Шпанија и Шведска ремизираа

Србија со неверојатен камбек и покрај сите проблеми и четирите позитивни ракометарки на Ковид-19 успеа да стигне до триумф против Холандија со 25-29. Холанѓанките може навистина да жалат бидејќи на полувреме имаа предност од шест гола разлика 15-9. Во вторите 30 минути следуваше голем пад и Србинките со епски пресврт успеаја да стигнат до конечен триумф од 25-29.

Најдобар поединец кај Србинките беше Катарина Крпеж Слезак со дури 11 гола, додека кај Холанѓанките Даник Снелдер заврши со пет гола.

Во вториот меч од понудата од 20:30 часот, Шпанија и Шведска одиграа без победник 23-23.

Foto: RSS

Се вчитува...