Епски меч: Ривер беше без голман, без резерви, а успеа да го победи Индепендиенте (видео)

Ривер Плејт го одигра еден од најневеројатните натпревари во историјата на Копа Либертадорес, успевајќи да слави над Индепендиенте Санта Фе со 2-1 во меч во кој аргентинскиот гигант немаше ниту еден голман во составот, па мрежата ја бранеше Енцо Перез, кој вообичаено настапува како последен играч за врска.

Коронавирусот му создаде огромни проблеми на тренерот Марсело Галјардо, кој можеше да смета на вкупно 11 фудбалери, но четирите голмани на Ривер сите беа позитивни на последното тестирање. Бидејќи правилата велат дека мечот треба да се одигра доколку тимот има најмалку седум здрави фудбалери, „црвено-белите“ беа принудени да излезат на терен, само со оние 11 играчи кои можеа да тренираат во претходните денови, без голман и без ниту една резерва на клупата.

Дури и во таква ситуација Ривер успеа да стигне до побeдата, благодарение на фуриозниот почеток во кој аргентинскиот клуб веќе во 6. минута поведе со 2-0 со головите на Англиери и Алварез. Гостите од Колумбија беа во шок, а откако конечно се консолидираа успеаја да постигнат само почесен погодок, не и да стигнат до реми.

Се вчитува...