Ерата на Червар во Е. Пелистер почна со победа над Раул и Партизан

Ракометарите на Е. Пелистер со победа над српски Партизан предводен од Раул Гонзалез од 35-31 во Регионалната лига ја стартуваа ерата на Лино Червар на клупата на македонскиот великан.

Битолчани феноменално го стартуваа натпреварот во „Боро Чурлевски“ па со фуриозна игра веќе на полувреме имаа позитива од седум гола 20-13. Во вториот дел избраниците на Червар го исконтролираа мечот за конечен триумф од 35-31.

Филип Кузмановски со 15  гола беше убедливо најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Вагнер заврши со 10 погодоци.

Се вчитува...