Ерата на Куман во Барса почна со триумф (видео)

Роналд Куман имаше триумфално деби на клупата на Барселона откако каталонскиот гигант славеше со 3-1 над Гимнастик Тарагона во првиот летен контролен натпревар. Холандскиот стратег им даде шанса на сите фудбалери да покажат што знаат и умеат, а Лионел Меси настапи од самиот почеток, носејќи ја капитенската лента на Барса.

Дембеле го отвори резултатот по само пет минути игра, а вториот гол за Барса беше дело на Антоан Гризман. Гимнастик намали во 30. минута, а во второто полувреме конечните 3-1 ги постави Кутињо.

Се вчитува...