Ердем Џан ќе го наследи Атаман во Ефес

Ердем Џан ќе биде наследникот на Ергин Атаман во Ефес. 42-годишникот ќе потпише двогодишен договор со турскиот гигант кој во претходните три завршени сезони успеа да освои две титули во Евролигата.

Џан доаѓа од редовите на Турк Телеком со кој успеа да стигне до полуфиналето од турскиот шампионат, а и во финалето од Еврокупот за што ја освои и наградата за најдобар тренер на сезоната во второто по ранг европско кошаркарско натпреварување.

Турчинот со себе носи и две засилувања од доскорешниот клуб. Станува збор за Тајрик Џоунс и Еркан Јилмаз кои оваа сезона беа лидери на тимот од Анкара.

Се вчитува...