Ерик Кантона ја доби наградата за животно дело од УЕФА

Легендарниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона, по 22 години откако се пензионираше, ја доби наградата за животно дело на УЕФА.

Кантона признанието го доби лично од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој му честиташе на одличната кариера издвојувајќи го како една од најмаркантните фудбалски личности во последните 50 години.

„Оваа награда не е само за фудбалските квалитети но ја издвојува и личноста кај поединецот и неговото влијание за развојот на фудбалската игра. Ова е награда за човек со силни вредности, но кој срцето и душата ги става во преден план кога фудбалот е во прашање“ – истакна Чеферин.

Кантона во својата кариера настапуваше за француските Марсеј и Ним. Иако потоа планираше пензионирање, беше убеден да продолжи во Англија и во 1992 се пресели во Манчестер јунајтед за 1,2 милиони фунти. Во дресот на „црвените ѓаволи“ ги имаше најголемите успеси стигнувајќи и до шампионските титули во Премиерлигата.

Се вчитува...