Кристијан Ериксен вели дека станал „црната овца“ во Тотенхем откако по финалето во Лигата на шампионите јавно призна дека му е потребен нов предизвик. Данскиот фудбалер кој во зимскиот преоден рок направи трансфер во Интер во интервју за Би-Би-Си раскажува за тешкиот период во лондонскиот клуб.
„По тоа што го кажав минатото лето постојано ми го поставуваа прашањето кога ќе си одам. Тоа беше на секој натпревар. Дури и навивачите ме застануваа и ми велеа „благодарам и со среќа“. Дополнителен проблем е што кога сте пред крај на договорот постојано ве обвинуваат за нешто. Мене особено. Јас бев „лошото момче“ и „црната овца“. И тоа само затоа што имав храброст отворено да кажам што мислам, а не да се кријам како што прават другите играчи“ – вели Ериксен.
Ериксен ја искористи можност за излез од ситуацијата што му ја понуди тренерот на Интер, Антонио Конте и замина за Италија. 27-годишниот фудбалер во Тотенхем мина шест и пол сезони, имаше 305 настапи и 69 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА