Ериксен е голем човек: Му се јавил на Гудељ откако колабираше на теренот

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Кристијан Ериксен уште еднаш го покажа своето големо срце. Веднаш откако дознал дека српскиот фудбалер Градиша Гудељ доживеа срцев удар во Шпанија, го контактирал и му го раскажал своето искуство.

Гудељ се сруши на теренот за време на мечот Кордоба и Расинг Фелора, што потсети на срцевиот удар на Ериксен кој го доби во Копенхаген за време на натпревар од ЕВРО 2020 година против Исланд.

Ериксен потоа успеа да се врати на терен, а исто може да стори и Гудељ, затоа што и нему му е вграден дефибрилатор.

„Го познавам добро, играв со него во Холандија. Два дена откако му се случи срцевиот удар на Драгиша, разговаравме и тоа го смири мојот брат. Минатиот четврток пред мечот со Манчестер, му се заблагодарив на деталите кои ги искажа. Ме праша за него. Случајот со Ериксен покажува дека и покрај тие случувања можете повторно да играте фудбал. Драгиша е добро, сега се опоравува“, рече Немања Гудељ, братот на Драгиша кој игра за Севилја и играше против Ериксен во 1/4 финалето во ЛЕ.

Се вчитува...