Ериксен е цел на Јунајтед, ако Погба замине од „Олд Трафорд“

Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен одлучи да го напушти Тотенхем и да побара нов предизвик ова лето, а негова желба да се пресели во Реал Мадрид. Сепак, во меѓувреме приоритетите на „кралскиот клуб“ малку се променија, во прв план дојде ангажманот на Пол Погба, а Данецот би можел да заврши на „Олд Трафорд“.

Раководството на „црвените ѓаволи“ ја разгледува опцијата токму Ериксен да биде новиот креатор на играта во тимот на Оле Гунар Солскјер доколку се случи продажбата на Погба. Французинот доби понуда да биде најплатен играч на „Театарот на соништата“ и да остане долг период во Јунајтед, но тој речиси сигурно ќе ја одбие сакајќи да го облече дресот на Реал Мадрид. Ова отвора простор за Ериксен да пристигне на негово место за сума од 100 милиони евра.

Се вчитува...