„Ерлинг Халанд ќе биде ноќен кошмар за екипите од Премиерлигата“

Манчестер Сити ја доби трансфер трката за Ерлинг Халанд и очекувањата се дека во норвешкото „чудо од дете“ Пеп Гвардиола ќе го добие последното парче од сложувалката за походот кон титулата во Лигата на Шампионите.

Поранешниот дефанзивец на „граѓаните“ Дени Милс во изјава за Скај Спортс имаше само пофални зборови за норвешкиот голгетер, a додаде и дека поради паузата на Светското првенство останатите екипи треба да стравуваат.

„Ерлинг Халанд ќе биде апсолутно фантастичен, тој ќе биде ноќен кошмар за екипите од Премиерлигата. Мислам дека перфектно ќе се склопи во тимот. Имаше мал проблем со повреди при крајот на претходната сезона, но ќе се рехабилитира ова лето и ќе влезе во форма со интернационалните натпревари. Мислам дека ќе биде неверојатен уште од самиот почеток. Нема да се изненадам ако постигне 30 гола следната сезона. Плус Манчестер Сити ќе има предност со тоа што нема да игра Норвешка нa Светското првенство и ќе има зимски одмор како досега. Тоа треба да ги загрижува другите“, изјави Милс.

Се вчитува...