Ерменија не е Лихтенштајн, ќе има тактички промени: Засилен среден ред, и Пандев најблиску до голот

ЕКИПА во Ереван,

Никола Ѓуровски

Фудбалскиот национален тим во Ереван бара четврта победа во Лигата на нации и продолжување на серијата без пораз која веќе е најдолга во историјата. Селекторот Ангеловски и фудбалерите немаат пораз на последните десет меча, а „црвено-жолтите“ посакуваат низата да продолжи и по денешниот дуел со Ерменија (18 час0т) на стадионот „Везган Саргсјан“, кој има капацитет од 14.000 седишта.

Знае селекторот Ангеловски дека Ерменија не е Лихтенштајн и ќе направи одредени тактички промени. Ќе играме со засилен среден ред, со ’четворка’ во последната линија, и со Горан Пандев како најистурен напаѓач пред голот на противникот.

На голот ќе биде Столе Димитриевски, а во одбраната треба да се врати и Кире Ристевски, кој се чувствува многу подобро по вирусот кој го зафати националниот тим. Исто така и Стефан Ристовски треба да биде стартер на десната странична позиција. На левата ќе биде Езгјан Алиоски.

Во средниот ред, шанса од стартот ќе добијат и Аријан Адеми и Стефан Спировски, кои треба да го контролираат просторот пред нашата одбрана, како и Бобан Николов. Елиф Елмас ќе има многу поофанзивна улога и ќе треба заедно со капитенот Горан Пандев да биде најблиску до противничкиот гол. На овој начин селекторот Игор Ангеолвски ќе се обиде да ја затвори средината, а да отвори простор за брзи противнапади по страничните позиции, каде ќе дефилираат Алиоски и Ристовски.

Се вчитува...