Ерменскиот селектор пресреќен: Го избришавме срамот од мечот со Гибралтар

ЕКИПА во Ереван,

Никола Ѓуровски

Сосема очекувано ерменскиот селектор Армен Гулбагадиантс беше пресреќен на прес-конференцијата по убедливата победа од 4-0 против Македонија.

Ерменецот потенцира дека Македонија е се уште во голема предност во битката за првото место во групата, но за нив е важно што на овој начин селекцијата го избриша оној срамен пораз од Гибралтар…

„Не можам да зборувам за вашата селекција, но ние се боревме максимално. Така се договоривме со претседателот на федерацијата и успеавме да го избришеме лошиот пораз против Гибралтар. Мислам дека бевме многу подобри и покажавме дека оваа селекција има квалитет“ – истакна Гулбагадиантс.

Се вчитува...