Ерменците ликуваат: Си ја одбранивме честа

Ерменците не начекаа и не сотреа во Ереван. Македонија загуби со убедливи 4-0 од Ерменија во очаен натпревар за нашиот национален тим, а противникот успеа да се врати во живот по дебаклот што им се случи со Гибралтар. Тој пораз (0-1) може да биде и кобен за Ерменците, а среќен за нас, во трката за првото место во групата, но противниците секако ликуваат по вчерашниот одличен меч и убедлив триумф. 

„Среќни сме што покажавме дека Ерменија знае да игра фудбал и си ја одбранивме честа. Мечот со Гибралтар е зад нас, сега се радуваме на убедливата победа против Македонија. Можеби и нема да го освоиме првото место, но покажавме дека има квалитет во оваа наша селекција. Секако, ќе се надеваме до крај, затоа што во фудбалот се е можно“, вели Геворг Газарјан, стрелецот на третиот гол за Ерменија на вчерашниот дуел.

На табелата во групата 4 од Лигата Д, Македонија е првопласирана со девет бода, пред Ерменија и пред Гибралтар кои имаат по шест.

Се вчитува...