Ерменците порачаа: Победа за нашиот народ, за почит на сите жртви од Нагорно-Карабах (ФОТО)

Ерменските репрезентативци не ја криеја огромната радост по победата над Македонија од 1-0 и пласманот во Лига Б следната сезона во УЕФА Лигата на нации.

Ерменците по натпреварот салутираа во чест на своите војници во воениот судир во Нагорно-Карабах, порачувајќи дека оваа победа е за ерменскиот народ и за почит кон сите жртви од воениот судир.

Токму поради воената состојба во Ерменија и натпреварот против Македонија се одигра на неутрален терен во Никозија, Кипар.

Се вчитува...