Ерупција полна емоција – Вардар секогаш ќе биде ракометна институција (ФОТОГАЛЕРИЈА)

И покрај големите проблеми со кои се соочува во текот на целата сезона. Проблемот со играчкиот кадар, промената на тренер, Вардар и годинава ќе биде дел од нокаут фазата во Лигата на шампионите.

По серијата од седум порази во елитното натпреварување цела ракометна Европа го отпиша двократниот европски шампион од било какви шанси за пласман во елиминациските натпревари.

Сепак, Давид Дејвис се покажа како идеално решение за клупата на скопскиот тим. Победата против Монпелје минатата недела беше убава, но оваа против ППД Загреб е послатка. Ерупција полна емоција, Вардар уште еднаш покажа дека е ракометна институција.

 

 

 

Се вчитува...