Ервин Куман ќе го води Фенербахче до крајот на сезоната

По отказот за Филип Коку, раководството на турскиот гигант Фенербахче се одлучи довербата за нов тренер до крајот на сезоната да му ја укаже на досегашниот помошник на Коку, неговиот сонародник Ервин Куман.

Куман е постариот брат на славниот Роналд Куман. Сега доаѓа на чело на клупата на Фенербахче откако Коку доби отказ по очајните резултати на тимот на стартот од сезоната.

Назначувањето на Ервин Куман за нов предводник на тимот е без сомнение позитивно и за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој, како што е познато, уживаше огромна доверба изминатиов период кај холандската двојка.

Се вчитува...