Ешли Барти е полуфиналистка на ВТА финалето

Тенисерката број еден во светот, Ешли Барти и се приклучи на Елина Свитолина меѓу полуфиналистките на завршниот турнир на осумте најдобри тенисерки во годината во Шенжен. Со победата од 2-0 во сетови во мечот од вторто коло во „црвената“ група над Петра Квитова, Австраликата со го обезбеди првото место во оваа конкуренција.

За нешто повеќе од еден час, Барти ја доби четвртата годинешна пресметка со Квитова. Во воведниот загуби два, а во вториот сет четри гема и ја продолжи победничката серија во дуелите со Чехинката на 4-0. Во вториот дуел од оваа група играат Белинда Бенчич и кики Бертенс.

Се вчитува...