Ешли Јанг на „Олд Трафорд“ уште една година

Манчестер Јунајтед го задржува Ешли Јанг уште една година. Договорот на англискиот репрезентативец истекуваше на крајот од оваа сезона, но најтрофејниот премиерлигашки тим задоволен од неговите изданија реши да ја продолжи соработката. Јанг дојде во Манчестер Јуанјтед во 2011 година, во тој период одигра 229 натпревари.

Манчестер Јунајтед претходно ги продолжи договорите на Антони Марсијал и на Фил Џоунс, а преговара и со Маркус Рашфорд и со Андер Ерера.

Се вчитува...