Ескалира ситуацијата со несреќниот голман: Нападнати и неговата мајка и помлад брат!

Несреќниот голман Хесус Овоно сè уште не излегува од дома по трагедијата во која фудбалерот Хесус де Мигел го загуби животот на почетокот на неделата. Овоно и неговото семејство минуваат низ многу тешки времиња, и затоа голманот на Андора реши да преземе драстичен чекор.

Овоно, како што е познато, несреќено го удри Де Мигел во финишот на мечот меѓу Андора и Тенерифе во Шпанија, па Мигел почина еден ден потоа во билница. Потврдено е дека напаѓачот на Тенерифе доживеал срцев удар предизвикан од судирот со Овона, а ударот бил толку силен што срцето на 30-годишниот напаѓач за жал не преживеало.

Овоно е под голем притисок поради сè, го нарекуваат убиец со барања да оди во затвор, а неговото семејство се соочува и со навреди каде и да се појават.

Се шпекулира и дека голманот на Андора размислува да ја заврши својата играчка кариера без оглед на исходот од полициската истрага. Овоно не го напушта својот дом во тешка депресија. Многумина веруваат дека тој е одговорен за смртта на Де Мигел.

Сепак, она што особено го шокираше голманот на Андора е третманот на неговото семејство. Неговиот помлад брат исто така е наречен убиец, а неговите родители се исто така напаѓани кога и да излезат од својот дом.

Шпанските медиуми објавуваат дека Овоно е свесен дека останувањето на Пиринеите повеќе не е можно и донел драстична одлука. Овоно најверојатно, заедно со целото семејство, ќе ја напушти Шпанија иако живее таму речиси од своето раѓање. Постои можност да се врати во Екваторска Гвинеја или, ако продолжи со фудбалот, ќе се обиде да најде клуб далеку од Шпанија.

Мундо Депортиво пишува дека Овоно веројатно ќе побара раскин на договорот со Андора и дека неговата цел е што поскоро да се исели од Шпанија бидејќи не сака неговото семејство да се справува со јавен притисок и навреди каде и да се појават.

Овоно пристигна во Андора ова лето и потпиша тригодишен договор. Клубот предводен од Жерар Пике го поддржува овој 25-годишник и му кажаа дека немаат намера да го раскинат договорот.

Сепак, Овоно немал поим дека речиси цела Шпанија ќе се сврти против него, како и неговото семејство, а особено бил шокиран од нападите кон неговата мајка и помладиот брат.

Сето ова го навело Овоно да сака да се пресели од Шпанија и како што стојат работите, тоа би можело да се случи откако ќе заврши истрагата и ќе се одлучи дали 25-годишникот ќе биде одговорен за смртта на Де Мигел.

Се вчитува...