Есмин Личина уште една година во Македонија ЃП

Комплетирајќи го тимот за следната сезона Македонија ЃП го продолжи договорот и со еден од своите најдобри фудбалери, Есмин Личина.

„Лавовите“ денеска официјално информираат дека е продолжен договорот за уште една година соработката со дефанзивецот.

25-годишниот Личина, кој потекнува од фудбалската школа на Вардар, во Македонија ЃП е од јули 2019 година, а претходно во сениорска конкуренција има настапи и за Вардар и Скопје.

Се вчитува...