Барселона попладнево ќе го пречека Еспањол во новото каталонско дерби, а Жерар Пике непотребно ја крена тензијата во пресрет на овој натпревар истакнувајќи дека не го чувствува како дерби бидејќи Еспањол не е достоен ривал за Барса поради малиот буџет. Дефанзивецот се пофали дека тој самиот заработил повеќе пари изминатата година од вкупниот буџет на противникот, навредувајќи го клубот од Барселона, но не се чекаше многу на одговор од Еспањол.
„Еспањол ги има своите навивачи, тим што дава се од себе на секој натпревар и имаме 119 година историја. Ја имаме нашата 21. минута (во чест на починатиот капитен Дани Жарке), нашата академија, почит на ривалите, имаме вредности кои не можат да се измерат со пари. Пике можеби поседува повеќе пари, но нема нешто што е многу поважно – почит“ – порачаа од Еспањол.
Одговор со стил, нема што…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА