Еспањол му нуди 4 милиони евра на Барди

Шпанскиот прволигаш Еспањол е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Енис Барди. Каталонскиот клуб е подготвен да му исплати 4 милиони евра на одличниот играч за врска доколку се сложи да потпише договор на три сезони и да се пресели ова лето во Барселона.

Барди согласно новиот договор со Леванте кој има важност до јуни 2022 година е „врзан“ со отштетна клаузула од огромни 50 милиони евра.

Сепак, Еспањол се надева дека за двојно помала сума ќе успее да го убеди градскиот клуб од Валенсија да му дозволи на македонскиот репрезентативец да се пресели на „Корнелја ел Прат“.

Еспањол е во незавидна позиција на табелата во Ла Лига, се наоѓа на последното место со 23 бода по 28 одиграни кола, три помалку од Селта која е во безбедната зона.

Се вчитува...