Стартот на сезоната 2025/26 за Вест Хем Јунајтед го продолжи турболентниот период за лондонскиот клуб кој пред само две сезони се бореше за излез во Европа, а сега го изедначи негативниот рекорд за најлош старт на една сезона.
Нуно Еспирито Санто се уште ја чека првата победа на клупата на „чекичарите“, но верува дека неговиот тим може да најде излез во катастрофалната позиција која може да донесе и релегација на крајот на сезоната.
„За жал, имаме многу проблеми во нашиот клуб во моментот, но не смееме да се криеме зад проблемите. Сите мораат да бидат поживи и да се подготват да дадат многу повеќе отсега за да дојдеме на вистинското место. Не се однесувавме во одбраната како што треба, имав чувство дека напаѓачот треба подолго да ја држи топката, а тоа е можби моја грешка. Овие грешки во Премиерлигата се неприфатливи“, изјави Еспирито Санто по поразот од Лидс и порача:
„Има квалитет, има време, но ништо нема да се случи ако не се промениме. Мора да го промениме нашиот став, мора да го промениме начинот на кој пристапуваме кон се, мора да се посветиме на тоа да бидеме подобри, да се подготвуваме подобро, да работиме понапорно.
Тоа е нашата реалност и не очекуваме работите сами од себе да се променат. Но, идејата дека имаме време може да биде и стапица ако не почнеме да се менуваме многу брзо“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

