Американскиот ЕСПН пред почетокот на новата сезона објави листа на 100 најдобри НБА кошаркари. Очекувано на првото место е новиот кошаркар на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс кого и „Спортс Илустрејтед“ неодамна го смести на местото број еден.
Зад Џејмс, на второто место е Стеф Кари, трет е Џејмс Харден а четврти е грчкиот кошаркар, Јанис Антетокуомпо. Дури петтото место го зазема ѕвездата на Голден стејт, Кевин Дурант а во Топ 10 се уште и Ентони Дејвис, Расел Вестбрук, Каваи Леонард, Џоел Ембид и Демиан Лилард.
Од Европјаните, на извонредното 12. место, според ЕСПН, е српскиот центар Никола Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА