Естонија без најдобрите на мегдан против Македонија

Ракометната репрезентација на Македонија со мечевите против Естонија и Литванија ќе ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.

Селекторот на Естонците, Мартин Нодла го објави списокот на ракометари за дуелот против нас. Во овој прозорец Естонија ќе настапи во комбиниран состав, а во тимот нема да ги има првите ѕвезди Карл Том и Јирген Руба поради повреда.

Отсутни ќе бидат и Пертелсон, Тимо, Отса и Челмниш, а во тимот ќе го нема и Матс Патраил.

Наптреварот против Естонија се игра во Талин на 8. мај од 18 часот, додека оној против Литванија е на програмата на 11. мај во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот.

Се вчитува...