Естонците го знаат рецептот за победа – Димитријевиќ и Валји најголем проблем

Македонската кошаркарска репрезентација по триумфот на Италија, денеска од 15 часот против селекцијата на Естонија го игра натпреварот „да се биде или не“ за пласман на Европското првенство.

Естонците ни се добро познат противник со кој од 2017 година до денеска имаме одиграно три средби, а на сите од нив забележавме пораз од „сините“, два пати во Скопје и еднаш на гостувањето во Талин. Селекторот на Естонците, Јука Тоијала вели дека неговиот состав е подготвен за натпреварот, нашата репрезентација е „прочитана“, а го знае и „рецептот“ за славје.

„Ги скаутиравме, и ги знаеме деталите, и нивниот начин на игра во овој квалификациски прозорец. Сите знаат кои се нивните клучни играчи треба да одиграме добра одбрана против нивните главни играчи Ненад Димитријевиќ и Џејкоб Вајли. Имаме добра прилика да играме на европскиот шампионат. Имаме предност од осум поени. Ги направивме сите физички, тактички и психолошки подготовки, најдобро колку што можеме. Мислам дека кога ќе стартува натпреварот, ќе бидеме подготовени“– изјави селекторот Тоијала пред денешниот меч.

Како потсетување, за Македонија да се најде меѓу најдобрите селекции во Европа мора да слави со повеќе од девет поени разлика, а негативната серија со Естонците нека биде само мотив повеќе кон остварување на сонот.

Се вчитува...