Естонците со многу проблеми пред мечот со Македонија

Естонскиот селектор Јука Тоијала се соочува со големи во пресрет на завршниот квалификациски турнир во Перм, во кој токму Естонија е главен ривал на Македонија за последното место и пласман на Евробаскет 2022.

Тоијала избра 15 кошаркари кои ќе ги бранат боите на Естонија на овој турнир, при што неизвесно е дали воопшто ќе може да смета на Сандер Раиесте, кој има обврски со тимот на Басконија во Евролигата. Она што е сигурно, во Перм нема да патуваат Слим Сандер Вене, Мартин Пасоја, Кристијан Кицинг и Слим Маркус Пост. Покрај нив, Кер Криса останува во САД, без довола од Универзитетот Аризона да го ослободи за февруарскиот „прозорец“. Здравствени проблеми има и Сајмон Сут, кој исто така нема да настапи на последните квалификациски натпревари.

Естонија ќе одигра три натпревари во Перм. Прво, на 19. февруари, против Италија, на 21 февруари е дуелот со Русија, а еден ден подоцна е веројатно и решавачкиот меч, против нашиот национален тим.

Се вчитува...