Ето позајмил на момче 4.500 долари, па после една година имал што да види

Камерунецот Самуел Ето раскажа една интересна приказна од времето додека бил член на Барселона.

Во 2007 година бил на одмор во Брегот на слоновата коска заедно со својата сопруга кога во автомобилот неочекувано им упаднало некое сосема непознато момче.

„Не сакам да ве нападнам, само сослушајте ме за момент а потоа ако сакате повикајте полиција поради провала во вашиот автомобил“ – започнало момчето, кое подоцна ќе се покаже дека било дел од помошниот персонал во хотелот каде бил сместен Ето.

Момчето имало план да отвори фирма но немал доволно средства за вложување и никој не сакал да го поддржи. Токму поради тоа одлучил да го замоли Камерунецот за услуга кога видел деке е сместен во хотелот каде работи. Ето го сослушал и му дал 4.500 долари.

„Земи го овој чек од 4.500 долари. Дај ми го твојот телефонски број, а еве го и мојот за тебе. За една година ќе се вратам тука, ако до тогаш си успеал да ги размножиш парите тогаш ќе ти помогнам плус и дополнително“ – му се обратил Ето на момчето.

Десет месеци подоцна сосема неочекувано Ето добил повик да оди во Брегот на слоновата коска. Камерунецот го пронашол момчето и имал што да види. Момчето веќе било сериозен бизнисмен со отворена компанија за информатичка опрема со 25 вработени, а отворил и такси компанија.

Се вчитува...