ВИДЕО: Еуфоричниот Николиќ – Првата негова радост во АБА-лигата прославена „лудо“!

Драган Николиќ дојде до првата победа во АБА-лигата откако ја презеде клупата на МЗТ Скопје.

По подолго време, македонскиот шампион конечно дојде до триумф во регионалното натпреварување славејќи вчера на домашен терен против Цедевита Олимпија, што донесе еуфорична радост и за тренерот Николиќ.

Па, по крајот на мечот Николиќ не можеше да го контролира задоволството и пред своите играчи, впуштајќи се во прегратките на Дамјан Стојановски, а потоа демонстрирајќи сила и пред најверните навивачи на МЗТ Скопје.

„Ако треба и на мускули ќе се бара и добие опстанокот во АБА лигата“ – како да порачуваше Николиќ пред навивачите на македонскиот шампион.

Се вчитува...