Еуро Никел ја освои Гевгелија

Кошаркарите на Еуро Никел стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако на гостински терен славеа над Кожув со 75-77.

Натпреварот почна во израмнета игра на двете страни. Одбраните доминираа и кај домаќините и кај гостите па по првите десет минути резултатот на семафорот изнесуваше само 16-16. Во сличен ритам натпреварот продолжи и во втората четвртина во која на крајот гостите постигнаа два поена повеќе од домаќинот (16-18) и на пауза заминаа со минимална предност од 32-34.

Третата четвртина беше пресликана на првите две. Повторно двата тима играа цврсто во одбраната, а со тоа што гостите повторно успеаја да запишат два поена повеќе на семафорот по 30 минути игра имаа плус четири 51-55.

Гостите фуриозно го стартуваа последниот период. Со серија од 8-0 набрзина од минус четири стигнаа до позитива од плус четири (55-59). Кавадарчани продолжија да го газат противникот и во последните пет минути влегоа со највисоките дотогаш плус седум (66-73). До крајот домаќините успеаја да се вратат целосно во мечот и на триесет секунди да стигнат до минус два (75-77). Сепак избраниците на Самарџиев успеаја да се одбранат и да стигнат до нови триумф.

Балмазовиќ со 19 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Гордон постигна 22 поена.

Се вчитува...