Еуро Никел убедлив против Куманово, Кожув го „спаси сирената“ против Струмица

Кошаркарите на Еуро Никел стигнаа и до вториот триумф сезонава откако во 2. коло од Првата лига на Македонија славеа на домашен терен над Куманово со убедливи 84-54. Уште од самиот старт кавадарчани стартуваа силно и веќе на полувреме имаа двоцифрена предност (44-33).

Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 84-58. Младеновиќ со 13 и Николовски со 11 поени беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 19 поени на Кели.

Во вториот натпревар од терминот од 18 часот, Кожув стигна до првиот триумф сезонава откако на домашен терен го совлада „новајлијата“ Струмица со 88-86. Домаќините го презедоа водството уште од самиот старт на мечот и успеаја да ја контролираат играта се до последната четвртина (70-63). Гостите одиграа феноменално во последниот период и на две минути до крај стигнаа до нерешено (86-86) и натпреварот го внесоа во неизвесна завршница. На осум секунди до крајот Гордон реализираше две слободни за конечен триумф на Кожув од 88-86. Светозар Стаменковиќ погоди тројка во последниот напад за Струмица, но судиите по прегледување на снимката ја поништија бидејќи времето истекло.

Се вчитува...