Еурофарм Пелистер 2 почна со подготовки

Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 со денешниот собир ги почна подготовките за новата сезона, под водство на тренерот Александар Јовиќ.

Според планот на подготовки, првата фаза од тренинзите ќе се одржи во Битола, во периодот од 19 до 31 јули, по што на 1 август тимот ќе замине за Маврово. Од првиот тим на Еурофарм Пелистер засилувања за втората екипа се Благојче Трајкоски, Милан Ѓукиќ и Цветан Кузманоски, а нов член на Еурофарм 2 е и десниот бек на Голден Арт, Андре Буторац.

Од 11 август избраниците на Јовиќ ќе почнат со подготвителни натпревари, засега се закажани две средби со Прилеп, една со Пролет, како и учество на меѓународниот турнир „Миле Нешковски“.

Се вчитува...