Еурофарм Пелистер 2 против австриска Алпла во деби настапот во Европа

Македонскиот ракометен суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 за противник во првото коло од квалификациите за Европската лига го доби тимот на Алпла Хард од Австрија.

Првиот натпревар битолчани се гости на првиот натпревар, а ова еден од најповолните противници што можеше да ги добие. Првиот натпревар ќе се одигра во термините 27/28 август, реваншите се закажани за 3/4 септември.

Преостанатите два македонски преттавници во второто по ранг европско натпреварување се Скопје и Еурофарм Пелистер. Скопјани противникот во второто квалификациско колоќе го добијат на 6. септември, а првиот битолски клуб е директно пласиран во групната фаза на Европската лига и противниците ќе ги добие на 6. октомври.

Се вчитува...