Еурофарм Пелистер без Периќ и Велковски против АЕК

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ се соочува со големи проблеми пред денешниот натпревар против АЕК во последното коло од групната  фаза во второто по ранг европско ракометно натпреварување, Лигата на Европа.

Хрватскиот стратег на денешниот решавачки меч во борбата за втората позиција во групата Д, поради повреда нема да ги има услугите на Јосип Периќ и Мартин Велковски. Македонскиот репрезентативец ќе мора да прави операција, што значи дека сезоната за него е завршена. Босанскиот среден бек, пак, ќе продолжи со периодот на мирување, со цел целосно да заздрави за последните месеци од сезоната.

Победа или реми ќе биде доволно за македонскиот клуб да обезбеди следна фаза во европското натпреварување. Натпреварот кој ќе се игра во арената „Боро Чурлевски“ во Битола е закажан за во 18.45 часот.

Се вчитува...