Еурофарм Пелистер директно во групната фаза од Лигата на Европа

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер и во наредната сезона ќе има директен пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Битолчани веќе неколку години создаваат сериозен ракометен проект, минатата сезона ја минаа групната фаза од ЛЕ, а со уште поголеми амбиции влегуваат во новата сезона.

„Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер ќе ја претставува Македонија во групната фаза на Лига Европа за сезоната 2021/22. Со оглед на почетната позиција и акумулираниот рејтинг, битолскиот клуб ќе се најде во групната фаза на натпреварувањето и првите официјални натпревари ќе ги одигра во октомври годинава“, објавија битолчани.

Дел од Лигата на Европа ќе бидат и Пролет и Металург како екипи кои ја завршија минатата сезона на третото, односно четвртото место минатата сезона во македонскиот плејоф.

Првото квалификациско коло за ЛЕ ќе се игра на 28/29 август, реваншите се закажани за 4 и 5 септември. Второто коло ќе стартува на 11/12 септември, а реваншите од овие средби ќе се играат на 18/19 септември, по што ќе бидат познати сите учесници во групната фаза од Лигата на Европа.

Се вчитува...