Еурофарм Пелистер убедлив во братската пресметка

Ракометатите на Еурофарм Пелистер со убедлив триумф го отворија четвртото коло во Суперлигата.

Во салата „Боро Чурлески“, Еурофарм Пелистер со 35:24 го совлада „помалиот брат“ Еурофарм Пелистер 2. По четири кола, битолчани имаат учинок од три победи и едно реми со Охрид на стартот од сезоната, додека вториот тим на Еурофарм Пелистер остана на една победа и го забележа третиот пораз.

Отпорот на вториот тим на Еурофарм Пелистер до 22 минута кога Митревски го реализира седмерецот за 11:10, по што ракометарите предводени од Лино Червар на клупата направија мини серија од 3:0 за 14:11. На одмор се замина до предност за првиот тим на Е. Пелистер од 16:12.

Во вториот дел, Е. Пелистер од минута во минута ја зголемуваше предноста и во 46-та, за првпат дојде до двоцифрена разлика 29:19 по што последните минути рутински ги одработија за конечни 35:24.

Калајџиовски со шест гола и Серафимов со пет беа најдобри кај Е. Пелистер, додека во редовите на вториот тим на битолчани се истакна Христијан Митревски со осум постигнати голови.

Се вчитува...