Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер за еден час ги продаде сите билети за реваншот од осминафиналето во Лигата на Европа против хрватскиот Нексе.
Битолчани живеат за ракометот, а еуфоријата во градот е на големо ниво по триумфот во Скопје против Вардар во домашниот шампионат. „Зелено-белите“ ќе имаат тешка задача да ја анулираат негативата од три гола од мечот во Нашице (29-26), но со полна сала „Боро Чурлевски“ секоја негатива е достижна.
Реваншот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе ќе се игра следниот вторник со почеток во 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА