Еурофарм поразен од ПИК Сегед на првиот тест во Србија

Ракометарите на Еурофарм Работник загубија во првиот пријателски натпревар на подготовките за пролетниот дел од сезоната кои се реализираат во Србија. Работник загуби од унгарскиот ПИК Сегед со 24-30 (11-13).

Во комбиниран состав, без репрезентативците Чурлевски, Кузмановски и Крстевски, битолчани успешно парираа на Унгарците едно полувреме. Но, веќе во вториот дел попушти концентрацијата па дозволија победа на унгарскиот тим од шест гола разлика. Најефикасен кај македонскиот тим беше Ѓукиќ со седум постигнати голови.

Следниот пријателски натпревар на Еурофарм Работник е утре против српскиот Спартак Суботица.

Се вчитува...