Еурофарм Работник подобар од Спартак Суботица на тестот во Србија

Ракометарите на Еурофарм Работник продолжуваат со одигрување на контролни натпревари на подготовките во Србија. Тимот на Ѓорѓе Чирковиќ оствари победа против српскиот клуб Спартак Суботица со 32-25 (16-14). Во текот на сите 60 минути есенскиот првак во Суперлигата водеше и победникот во ниту еден момент не беше доведен во прашање.

Шанса добија сите ракометари, со исклучок на Чурлевски, Кузмановски и Крстевски кои се дел од ракометната репрезентација на Македонија на Светското првенство во Германија и Данска.

Следниот пријателски натпревар на Еурофарм Работник е закажан за три дена против Динамо Панчево.

Се вчитува...