Еурофарм Работник се засили со црногорскиот репрезентативец Радовиќ

Еурофарм Работник се засили со црногорскиот репрезентативец Мирко Радовиќ пред настапите во групната фаза од ЕХФ купот престојнава пролет.

28-годишниот Радовиќ, кој доаѓа од црногорскиот Ловќен, треба да ја засили десната крилна позиција, иако може соодветно да одговори и како десен бек.

Црногорецот претходно во својата кариера има настапувано уште и за Будуќност, Валанс од Франција и Цеглед од Унгарија.

Се вчитува...