Еурофарм Работник се засили со Украинецот Остроушко

Екипата на Еурофарм Работник со уште едно засилување за пролетниот дел од сезоната. Нов ракометар на битолчани е Украинецот Владислав Остроушко.

Острушко игра на левата бековска позиција. Во својата кариера има настапи за Баја Маре, швајцарски Кадетен а последен негов клуб е Селкаспор.

Претходно, како што е познато, Работник се засили и со црногорскиот репрезентативец Мирко Радовиќ.

Се вчитува...