Еурофарм со успешен тест во Охрид пред дебито во групите од ЕХФ Купот

Еурофарм Работник го положи генералниот тест пред деби натпреварот во групите од ЕХФ Купот и го победи Охрид на гостински терен со 22-31 (14-16). Тимот на Чирковиќ водеше во текот на целиот натпревар, а речиси сите ракометари кои добија шанса, ја искористија. Во првиот дел охриѓани дадоа посилен отпор, но на крајот битолскиот состав забележа убедлива победа.

Еурофарм Работник на 9. февруари во Германија против Хановер ќе го одигра првиот натпревар од Б групата на ЕХФ Купот.

Се вчитува...